Веспрем го освои Брест, Бешикташ ги скроти „мечките“

Унгарскиот шампион Веспрем славеше на гостувањето кај Брест Мешков со 26:29 во рамките на третото коло од Лигата на шампионите. Иако белорускиот тим претходно дома го урна Киелце, немаше сили да земе втор скалп на еден од фаворитите за титулата оваа сезона.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше во ростерот но не успеа да се запише во листата на стрелците. Мате Лекаи беше предводникот на Веспрем со 7 голови, додека кај Брест се истакна Игропуло со 6 голови.

Бешикташ по победата во Скопје кај Металург победи и на незгодното гостување кај Чеховски Медведи со 28:29. Немања Прибак еднаш се запиша во листата на стрелците кај турскиот првак, кој со вториот триумф во серија на гости се вмеша во борбата за врвот.