Веспрем го одбрани шампионскиот пехар во СЕХА лигата!

Екипата Веспрем е старо новиот шампион на СЕХА лигата за сезоната 2015/2016. Унгарскиот шампион ја совлада екипата на Вардар со резулат 28-26 (14-15) и по втор пат во две сезони колку што учествува се закити со регионалниот ракометен пехар.

ВЕСПРЕМ-ВАРДАР 28-26 (14-15 )

Вардарци одлично го отворија натпреварот и со головите на Циндриќ и Шишкарев поведоа со 2-0. Врати Илиќ но Вардар со одлична игра во одбраната успеа преку контра напади да стигне до првото поопиливо водство од 3-7 во 7.минута, што беше аларм за тренерот на Веспрем да побара тајм аут. Следуваа минути на добра игра на унгарскиот шампион кој ја консолидираше играта во нападот и со двата погодока на Палмарсон и Иванчик веќе на средината на првиот дел израмни на 9-9. Хрватското дуо Циндриќ-Карачиќ беше двигател на вардаровата игра, а на спротивната страна Момир Илиќ беше нерешлива енигма за одбраната на Гонзалес. По периодот на израмнета игра Стоилов и Манасков донесоа ново водство од +2, (12-14) за Вардар, пред Илиќ со својот шести погодок да ги постави конечните 14-15 за македонскиот шампион по триесет минити игра.

var-mes finale

По само пет минути игра во второто полувреме Гулијаш го доведе Веспрем во прво водство од 17-16, а со атрактивен погодок врати Дибиров. Голем хендикеп за вардаровата одбрана беше црвениот картон на Абутовиќ кој го доби за стартот врз Илиќ.До средината на вториот дел двете екипи најизменично се менуваа во водство па во финалниот дел од натпреварот се влезе со нерешен резултат 24-24. Наѓ погоди за 26-25, а по одличната одбрана на Алиловиќ на ударот на Дибиров, Нилсон му донесе +2, (27-25) на својот тим во клучните пет минути. Циндриќ ја проби унгарската одбрана постигнувајки го петтиот гол 27-26, а Штербик со одлична одбрана му даде шанса на Вардар за ново израмнување. Вардарци пропуштија три шанси за израмнување, а се чини точка на натпреварот стави Наѓ со погодокот на минута до крајот кој значеше +2 (28-26) за Веспрем. Последната шанса за позитивен резултат на Вардар со нова одбрана ја скрати Алиловиќ бранејки го ударот на Циндриќ. Во последните секунди Веспрем рутински ја задржа топката за конечни 28-26 и го одбрани насловот Шампион на СЕХА лигата.

Циндриќ со 5 и Душебаев и Дибиров со 4 гола беа најпрецизни во екипата на Вардар. Во составот на Веспрем најрасположени за игра беа Илиќ со 7 и Слишковиќ со 4 гола.