ВЕСПРЕМ ВО ФИНИШОТ ГО СОВЛАДА КИЛ

Во дербито од групата А, Веспрем во еден возбудлив и неизвесен натпревар го совлада Кил со 29-27 (17-15).
Германците во поголемиот дел од првото полувреме имаа предност помеѓу еден и два погодоци, но во последните пет минути Веспрем преку Родгригез успеа да израмни на 12-12. Завршницата на првиот дел му припадна на Унгарскиот првак кој со головите на Родригез и Илиќ замина на одмор со 15-13.

Сулиќ погоди на почетокот на вториот дел за највисоки +3, 18-15, предност која унгарците ја одржуваа до 45.минута.Кил возврати преку Домагој Дувњак кој беше иницијатор за брзото враќање во игра на својата екипа. На осум минути пред крајот германците најавија неизвесна завршница кога најпрво преку Шпренгер израмнија на 24-24, а веќе во следниот напад Вујин носи водство за својата екипа 24-25. Унгарците одговорија со два брзи погодока преку Нилсон и Гулијаш со кои повторно ја вратија позитивата, а расположенот Дувњак врати за ново израмнување 26-26 на три минути до крајот. Сепак на крајот на натпреварот Веспрем на крилата на домашната публика успеа да го зададе последниот удар. Маргуч и Нилсон погодија за нови +2 28-26, а Дувњак погоди за намалување на 28-27. Сепак точка на натпреварот стави Угалде кој со погодокот на дваесетина секунди пред крајот му донесе нова четврта победа на Веспрем во петтиот натпревар во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите.

Најпрецизни во составот на Веспрем беа Гулијаш и Илиќ со пет постигнати погодоци. Во екипата на Кил најрасположен за игра беше Домагој Дувњак со седум голови.

photo: Veszprem