Весна Акумулатори ја прекина победничката серија на Куманово

Во 9 коло од плеј-аут конкуренцијата во Првата лига, екипата на Весна Акумулатори беше домаќин на составот од Куманово. Домашините беа поуспешни со 41:32 и ја забележаа четвртата победа во разигрувањето, со што ја прекинаа серијата победи на Куманово.

Весна Акумулатори добро започна и го имаше почетното водство. Домашните ракометари лесно го пронаоѓаа патот до мрежата на Куманово кои на овој натпревар беа без својот прв голман што беше голем недостаток за гостинскиот тим. На полувремето Весна Акумулатори имаше предност 18:13.

Во вториот дел домашната екипа продолжи да го зголемува водстото, имаа лесна реализација во нападот што резултираше со многу постигнати голови. Највисоката предност на домашните беше 11 разлика во финишот на натпреварот при резултат 39:28. Кумановци немаа шанса да се вратат во натпреварот и мораа да се помират со пораз на ова гостување.

На натрпеварот имаше двајца исклучително расположени ракометари со двоцифрен број на погодоци. Во сотавот на Весна Акумулатори тоа беше Оливер Пешовски кој постигна неверојатни 20 гола и беше најзаслужен за победата. Во екипата на Куманово, Новица Денковски се обиде да парира на противникот со 13 гола но сепак ни тоа не беше доволно за позитивен резултат.