Весиќ назначeн за В.Д селектор на женската репрезентација за последните два натпревари против Исланд

Благојче Весиќ, кој досега ја извршуваше улогата на помошник на досегашниот селектор Ристо Магдинчев е поставен за В.Д селектор за последните два натпревари од квалификациите за бараж за СП 2015 година против Исланд. Натпреварите се на програмата на 3 декември (Исланд), а реваншот е закажан на 6 декември во Скопје.