Веселинка Треноска: Ќе биде уште подобри и ќе изненадуваме сè повеќе

Екипата на Цемс стигна до првата победа во Женката лига во деби сезоната. Тимот кој не го преживеа налетот на разиграните и полни со желба девојки на Цемс беше Спартак. Натпреварот заврши со убедлива победа 28:19 во корист на гостинките.

Очигледна беше еуфоријата кај гостинките на натпреварот, но и кај нивниот тренер Веселинка Треноска која не успеа да го прикрие воодушевувањето од дебитантскиот триумф на својот тим.

„Многу бевме мотивирани и добро се подготвивме за овој натпревар и можете да бидете сигурни дека сè повеќе и повеќе ќе изненадуваме“, изјави за 24 ракомет, Треноска.

Тренерот на Цемс покрај пофалбите кои ги делеше за играта на својот тим се надоврза и да ги искаже своите впечатоци од натпреварот со првото коло каде Цемс загуби од Пелистер.

„Подготовени бевме и работевме напорно цела седмица. Со Пелистер имавме неколку грешки. На наши грешки самите го загубивме тој натпревар меѓутоа од натпревар во натпревар ќе бидеме сè подобри. Излеговме многу мотивирано и воедно им се заблагодарувам на девојките ова беше најдобра партија од почетокот на подготовките досега“.

Во пресрет на следните натпревари Тренковска истакна дека е потребно нејзиниот состав да ја засили играта во одбрана.

„За наредните натпревари ќе ја засилиме одбраната, но сè на сè сум задоволна како функциониравме во нападот и од секоја девојка посебно“, заврши тренерот на новоформираниот состав.

Следниот предизвик за овој тим во Женската лига ќе биде против екипата на Куманово, кој во 3. коло ќе дојде во Скопје да се надигрува со Цемс.