„Верувајте во нашите шанси“: Ви го претставуваме промотивното видео на репрезентацијата на Франција

Пред првиот настап на француската национална селекција на Европското првенство во ракомет за жени 2014, Француската Ракометна Федерација го претстави промотивното видео насловено „Верувајте во нашите шанси“.
Франција патот до успех на ова натпреварување ќе го започне од Осијек каде во првиот дуел ќе се сретне со селекцијата на Словачка. Видеото може да го погледнете подолу.