Велковски и победничкиот гол во Прешов дел од изборот за најгол на првото коло во СЕХА (ВИДЕО)

Со македонско дерби во СЕХА лигата започна новата ракометна сезона во Скопје. Во првиот дуел актуелниот европски првак беше поуспешен од Металург, но токму ракометарот на тимот од Автокоманда Мартин Велковски е единствениот македонски преставник во изборот за најубави голови на првото коло во регионалното натпреварување.

Меѓу најубавите голови убедливо најдобар е победничкиот гол на Татран Прешов кој го шокираше белорускиот шампион Мешков Брест, а во гласањето за најубав гол ќе можете да учествувате преку социјалните медиуми, односно фан страната на СЕХА на социјалната мрежа фејсбук.