Велковски: Бевме како едно (ВИДЕО)

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија одигра најдобро кога беше најпотребно и во решавачкиот меч од групата Ц го совлада Бразил со 28:23, со што ја заврши групната фаза на второто место и обезбеди пласман меѓу 16 најдобри репрезентации во светот. Десниот бек Мартин Велковски вели дека добрата комуникација во одбраната и сплотеноста го одлучила победникот на дуелот со Бразил. Неговата изјава е на 0:43 од видео прилогот….