Векиќ го тресна од земја Дисингер и си доби црвен картон! (ВИДЕО)

Вардар со една нога веќе е во четвртфиналето, откако славеше на гостувањето кај Загреб со убедливи 18-27 во првиот осминафинален дуел.

Во финишот на натпреварот, домашниот ракометар Јосип Векиќ направи непотребен потег. При еден напад на Вардар, Дисингер застана на линијата од шест метри, а Хрватот го тресна од земја.

Тоа беше причина за мала мешаница на теренот, но веднаш беше прекината. Судиите заслужено му доделија црвен картон на Векиќ и го испратија на трибините.

Погледнете…