Везенковски: Очекуваме вистинско ракометно дерби

Во пресрет на денешниот натпревар во Супер лигата помеѓу РК Прилеп – Зомимак М, капитенот на “рисовите” Златко Везенковски изјави:

 „Денес знаеме дека ни следува едно тешко гостување. Екипата на Прилеп одлично игра во домашното првенство и не случајно е на втората позиција на табелата во Супер лигата. Очекуваме вистинско ракометно дерби. Ние како единствена непоразена екипа во досегашниот дел од првенството сигурно дека не интересира само освојување на трите бода. Ќе дадеме максимум од нас за оваа календарска 2014та ја заокружиме со убава победа и годината ја завршиме со 14 победи од 14 одиграни натпревари.“

Натпреварот РК Прилеп – Зомимак се игра со почеток од 19:00 часот во спорскиот центар „Сонце“. Се очекува РК Прилеп да има поддршка од околу 2500 љубители.