Ведран Зрниќ по 23 години кариера му кажа збогум на ракометот

Претпоследниот активен ракометар од златната генерација на Лино Червар, Ведран Зрниќ (последниот е Блаженко Лацковиќ), реши да му каже крај на активното играње ракомет.

39-годишниот Зрниќ се збогува со ракометот во Нексе, каде што ги мина последните четири сезони. Потекнува од Загреб, каде играше пет години, потоа се пресели во Словенија, каде што ги бранеше боите на Пруле и Горење.

Најдобриот период од играчката кариера го имаше во Гумерсбах, а одигра по една година во Висла Плоцк и Бешикташ, пред да дојде во Нашице. За националниот тим одигра 189 натпревари и постигна 570 голови.

Тимот од Нашице му понуди да остане во клубот со некоја функција, а Зрниќ ја прифати понудата.