Ведран Зрниќ потпиша за Нексе

Поранешниот хрватски репрезентативец, Ведран Зрниќ во наредната сезона ќе настапува за хрватскиот вицешампион Нексе. Тој во Хрватска се враќа од екипата на Бешикташ со која минатата година играше во Лигата на шампионите.
Зрниќ беше дел од репрезентацијата која предводена од Червар освои златни медали на Светското првенство и Олимписките игри.
Хрватскиот интернационалец пристигна во Бешикташ од екипата на Висла Плоцк во 2014, а со турскиот шампион потпиша двегодишен договор кој истекува во 2017. Поради семејни причини, Ведран се одлучи да го заврши престојот во Турција порано, пред се поради проблеми со административните процедури за запишување во училиште на своите деца.
Како што најавија од турскиот клуб, Ведран Зрниќ потпишал договор со хрватскиот клуб Нексе, каде на крајот од сезоната треба да го објави своето пензионирање.
35-Годишното десно крило, во својата кариера има настапувано за Горење, Пруле, Гумерсбах и Висла Плоцк, а од наредната сезона ќе го гледаме во СЕХА лигата.