Васко Димитровски ново засилување во РК Прилеп

Суперлигашот РК Прилеп го доби првото засилување во новата година. Станува збор за пикерот на РК Пелистер, Васко Димитровски. Искусниот пикер цела кариера ја помина во Пелистер, а пред почетокот на сезоната имаше гласини дека ќе ги засили редовите на Зомимак.
РК Прилеп со доведувањето на Димитровски уште еднаш потврди дека има големи амбиции во супер лигата. Прилеп подготовките ги започна минатата недела, а тимот ќе биде предводен од тренерскиот тандем Ице Соколоски – Страшо Илиески.