Вардар ќе се бори за второ место во групата Ц: Веспрем третпат поуспешен оваа сезона

Дерби натпреварот од групата Ц во Лигата на шампионите помина во знакот на унгарскиот шампион. Вардар од гостувањето во Веспрем се враќа поразен со резултат 32-24.
Првите шест минути поминаа во знакот на домаќинот, кој бодрен од преполната Веспрем арена ја направи клучната разлика при резутат 5-1. По тајм-аутот на Гонзалес, играта на Вардар се подобри, но Веспрем не дозволи изненадување и благодарение на одличните интервенции на Миклер и расположениот плејмејкер Чема Родригез до 20-та минута имаа предност од четири голови 11-7. Пад во играта на Вардар и шутерски расположениот напад на унгарците во 25-та минута ги доведоа домаќините на седум голови предност 15-8. До крајот на првиот дел Вардар ја намали огромната предност на шест голови разлика со погодоците на Лазаров и Брумен 16-10.
Второто полувреме Вардар го започна во ново издание,во егал игра. Единствено порозната одбрана на “црвено-црните” ги одржуваше ракометарите на Веспрем со предноста од полувремето. Кон крајот на натпреварот од 47-та минута повторно започнаа проблемите со организација на нападот на вардарци, Миклер блескаше на голот, што Сулиќ во 53-та минута го награди со највисоката предност за Веспрем од 30-21. Во последните две минути кога веќе беше решен победникот Цаиц го донесе првото двоцифрено водство за унгарците 32-22. Вардар до крај со одличен двоен цепелин се обиде да го поправи впечатокот на овој натпревар кој заврши со резутат 32-24.
Најпрецизен на натпреварот беше Момир Илиќ со осум погодоци,додека Миклер имаше 18 интервенции.