Вардар ќе го гледаат и во Африка

Европската ракометна федерација, односно ЕХФ Маркетинг потпиша договор со Африканската ТВ мрежа Квесе, за пренесување на натпреварите од Лигата на шампионите.

Гледачите во повеќе од 30 земји на африканскиот континент ќе имаат можност да ги гледаат реваншите од четвртфиналето, меѓу кои ќе биде и дуелот меѓу Вардар и ПИК Сегед.

Покрај овие четири натпревари, Квесе ги откупи правата и за завршниот турнир што ќе се игра на 1 и 2 јуни во Келн, каде се надеваме ќе биде и Вардар.