Вардар ќе го видат и во Струга!

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепка за четвртфиналните групи во Купот на Македонија, кои ќе бидат последен филтер пред завршниот турнир во ова натпреварување.

Организатори на групите ќе бидат тимовите на Еурофарм Работник од првата група и тие дуели ќе се играат во Битола. Средбите од втората група ќе се играат во Автокоманда и домаќин ќе биде Металург, додека од третата група натпреварите ќе бидат одиграни во Бутел.

Четвртата група нема турнирски домаќин, па Вардар и Струга ќе бидат домаќини на полуфиналните  средби. Победникот од дуелот меѓу Струга и Металург 2, ќе биде домаќин на финалниот меч, што значи дека шампионот Вардар сепак сезонава ќе гостува во Струга.

Иако Струга не обезбеди место во плеј-офот, сепак со оглед на фаворитската улога против Металург 2, стружани ќе имаа можност да го го донесат Вардар покрај езерото.

Група 1: БИТОЛА

Полуфинални двојки:
АСТРАИОН – ВАРДАР ЈУНИОР
ОХРИД – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Група 2: СКОПЈЕ

Полуфинални двојки:
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ
МЕТАЛУРГ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Група 3: СКОПЈЕ

Полуфинални двојки:
ТИКВЕШ – БОРЕЦ
ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Група 4: нема домаќин

Полуфинални двојки:
ВАРДАР – ПРИЛЕП
СТРУГА – МЕТАЛУРГ 2

Овие натпревари ќе се одиграат на 20 и 21 април, додека завршниот турнир е три седмици подоцна на 11 и 12 мај.