Вардар Јуниор убедливо против Струга

Избраниците на Пепи Манасков продолжуваат во победнички ритам. Нова жртва беше тимот на РК Струга. Младите “вардарци” триумфираа со високи 31:18 ( 16:9) и ја запишаа шестата победа во новата сезона. Предводници на Вардар беа Владо Недановски и Бобан Андовски со шест погодоци. Во солидно издание се прикажа и новиот играч во тимот, Ристо Вујачиќ кој постигна четири погодоци.

Фото: rkvardar.com.mk