Вардар јуниор со успешен старт во Првата Лига

Втората екипа на Вардар, екипата на Вардар јуниор со победа го стартуваше својот настап во Првата лига. Прва жртва на момците на Пепи Манасков беше екипата на Феникс Битола која на свој терен беше поразена со 17:28. Ова беше натпревар од второто коло, бидејки натпреварот од првото коло не беше одигран, поради откажувањето на учеството на екипата на Јехона во Првата Лига.

Натпреварот беше неизвесен само во почетните 10 минути, кога домаќините имаа водство од 5-2. Од тој момент екипата на Вардар јуниор заигра многу поангажирано, превземајќи го водството кое го зголеми до крајот на првиот дел за конечни 13-8 по триесет минути игра.

Во вториот дел “црвено-црните” продолжија во исто темпо не дозвојувајќи му на домашниот тим да се врати во игра на овој натпревар. Попоски со 8 и Чурлевски со 5 гола беа најефикасни кај Вардар јуниор. Голманскиот тандем Чаневски/Ивановски заедно забележаа 15 интервенции.

РК Вардар јуниор: Чаневски (8 одбрани), Иваноски (7 одбрани), Недановски 1, Чурлевски 5, Ангелов 1, Тренчески 3, Андовски 4, Спасовски, Ѓоргиевски, Органџиев, Стефанов 4, Ристов 2, Василевски, Попоски 8.