Вардар јуниор сигурен против Астраион обезбеди уште еден меч во Купот

Ракометарите на Вардар јуниор не дозволија изненадување на пресметката со Астраион во Групата 1 која се игра во Битола и успеаја да го совладаат ривалот од Струмица до 34:22 со што си обезбедија уште еден меч денеска против победникот од дуелот меѓу Охрид и Еурофарм Работник.

Струмичани тргнаа подобро во мечот, но како одминуваше времето така Вардар јуниор ја преземаше контролата на играта. Постојано го зголемуваше водството, па стигна до предност од 16:11 на полувремето. Иако во тимот ги немаше кадетските репрезентативци Петковски, Ѓеоргиев, Карапалевски и Ќосевски немаше проблеми за да се обезбеди победата.

Во вториот дел од мечот разликата беше уште повеќе зголемена, па на крајот победата беше и убедлива и изразена со дури 12 гола разлика.

АСТРАИОН – ВАРДАР ЈУНИОР                22:34 (11:16)

Сала: Боро Чурлевски во Битола. Гледачи: 200. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

АСТРАИОН: Гогов, Перовановиќ, Нурев, Котевски, Велков 2, Партинов, Кавазов 1, Беџовски 2, Андонов, Катранџиев 1, Каркалашев, Ефтимов 1, Кочев 1, Стојанов 9, Ончев 2, Стојанов 3.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ставровски, Димов 8, Јанковски 3, Кукуловски 6, Јакимовски 4, Анѓелковски 2, Гашовски, Крстевски 4, Трајковски, Анѓеловски, Атанасовски 3, Цветановски 2, Чакалиќ 1.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 8 мин.