Вардар Јуниор против Војводина ќе се бори за историја

Ракометарките на Вардар Јуниор продолжуваат со настапите во Челинџ купот. Во осминафиналните натпревари противник на вториот тим на Вардар е Минаква Војводина од Нови Сад. Со договор помеѓу македонскиот и српскиот клуб одлучено е двата натпревари да се играат во Скопје.

Првиот натпревар е на програмата во сабота со почеток од 14ч, додека вториот е во недела со почеток од  15ч, двата натпревари ќе се играат во СЦ ,,Јане Сандански”, а влезот е слободен за сите љубители на ракометот. Во составот на Вардар поради повреда нема да настапи Ангела Тодоровска.

Доколку Вардар Јуниор биде поуспешен од Минаква Војводина ќе се пласира меѓу 8-те најдобри екипи во Челинџ купот.