Вардар Јуниор продолжува со тренинзи

Вториот тим на ЖРК Вардар изминатиов период беше на подготовки во Копаоник, Србија. Тоа беше одлична проверка за физичката состојба на младите ракометарки на Симе Симовски.Младите вардарки одиграа и контролен натпревар во Ниш против истоимената екипа и беа минимално поразени. Во наредниот период екипата на Вардар Јуниор ќе тренира во СЦ „Јане Сандански“, а пред почетокот на македонското првенство тимот ќе одигра и контролни натпревари со екипи од Македонија.

Составот на Вардар Јуниор го засилија Сара Митова и Симона Стојановска од првиот тим, додека младата голманка Јована Мицевска, од младинскиот тим на ЖРК Вардар, наредниот период ќе тренира со вториот тим поради добрите настапи минатата сезона.

Освен во домашната лига, Вардар Јуниор ќе учествува и на европска сцена односно во Челинџ купот. Противник во Челинџ купот во третото коло на Вардар Јуниор е екипата на Лондон од Велика Британија.