Вардар Јуниор победнички го заврши првенството

Младите вардарки со победата над Куманово (25:20) ја завршија овогодинешната сезона. Иако гостинките допатуваа со само 10 ракометарки, почетниот дел им припадна токму на нив.

Вардар Јуниор премногу ги потценија Кумановки, со што гостинките на момент израмнија на 7:7, за потоа и на кратко да поведат со 9:11 и 10:12. Ова беше мал шок за младите вардарки кои со ваков пристап во играта можеа и да ја загубат вицешампионската титула.

Веќе во второто полувреме, Симе Симовски не дозволи повторно да има вакво изненадување, и со неговиот тим успеа да направи серија од 8-0 со која веќе беше познат победникот.

Засега останува уште да се одигра денешниот меч помеѓу Металург – Вардар, во кој фаворити се вардарки и со тоа Јуниор може да ја прослави првата вицешампионска титула.

Вардар јуниор – Куманово 25:20 (13:12)

Вардар јуниор: Белмезова, Петровска, Стојановска, Ѓеорѓиевска 3, Николовска 1, Митова 3, Бојанџиска, Ладева, Нолеска 10, Велкова, Трајковска, Џини, Керамитчиева 4, Мишевска 1, Гичевска 3.

Куманово: Борчевска 1, Паневска 1, Ивановска 2, Болизовска 8, Дичковиќ, Стојановска, Петковска 2, Стојчевска, Поповска, Трајковиќ 6.