Вардар Јуниор од наредната сезона ќе игра во Супер лигата

Втората екипа на РК Вардар предводена од Пепи Манасков како првопласирана екипа од Првата лига обезбеди место во Супер лигата следната сезона. На последниот натпревар одигран во Кале ракометарите на Вардар ја совладаа екипата на Младост од Богданци со 36:20 (20:10).

Најефикасен ракометар на натпреварот беше Исичков со седум погодоци. Во редовите на Вардар се истакна Поповски со шест.

Се уште е непознато  дали во вториот тим на Вардар ќе има промени во ростерот за наредната сезона.