Вардар Јуниор лесно против Металург 2

Во рамките од 7.коло од Супер лигата, Вардар Јуниор во СРЦ Кале го пречека младиот тим на Металург 2 и славеше убедлива победа со 37:26 (19:9). Младите ракометари од ,,Автокоманда” одиграа лошо прво полувреме, но беа рамноправен противник во вториот дел.

Вардар Јуниор ја забележа четвртата победа и моментално е на петтото место. Екипата на Металург 2 е на дното на табелата без бодови.

Денес се играат и останатите натпревари од седмото коло.

Вардар Јуниор – РК Металург 2 37:26 (19:9)

Вардар Јуниор:Чаневски, Костовски 5, Спасовски 2, Недановски 4, Георгиевски 4, Чурлевски 6, Андовски, Филиповски, Симиќ 4, Ристов 4, Поповски 5, Вујачиќ 1, Давитковски 2.

РК Металург 2: Доневски 1, Реџиќ 2, Петревски, Шулевски, Стојковски 6, Бошковски 1, Димитриоски 7, Шилегов 1, Петковски , Ламбанов 3, Смилевски, Блажевски, Митрески, Лазаревски 2, Беќаровски 1, Гошевски 2.