Вардар јуниор и Пролет со најмногу исклучувања и картони

Најголем број на исклучувања во првиот дел од сезоната во Супер машката лига имаше кај тимот кој е последен на табелата со само три бода, Вардар јуниор. Младите ракометари од „црвено-црниот“ табор заработија дури 43 исклучувања што на осум средби е во просек со 5,4 по меч што е секако многу.

Во пресекот којшто го направивме за првите девет кола од сезоната можете да видите и каква е ситуацијата со црвени и жолти картони. Таму, пак, Пролет ги има најлошите бројки што значи дека Вардар јуниор и Пролет ќе треба малку да ги средат одбранбените редови и да играат посмирено во продолжение од сезоната.

ИСКЛУЧУВАЊА

43 – ВАРДАР ЈУНИОР

37 – ПРОЛЕТ

32 – РАБОТНИК

28 – МЕТАЛУРГ 2

28 – ПЕЛИСТЕР

28 – ПРИЛЕП

24 – ОХРИД

24 – РАДОВИШ

23 – БОРЕЦ

ЦРВЕНИ

3 – ПРОЛЕТ

2 – ВАРДАР ЈУНИОР

2 – ПРИЛЕП

1 – МЕТАЛУРГ 2

1 – ОХРИД

1 – ПЕЛИСТЕР

0 – БОРЕЦ

0 – РАБОТНИК

0 – РАДОВИШ

ЖОЛТИ

29 – ПРОЛЕТ

27 – МЕТАЛУРГ 2

27 – ОХРИД

27 – ПЕЛИСТЕР

26 – ПРИЛЕП

26 – ВАРДАР ЈУНИОР

25 – РАБОТНИК

25 – РАДОВИШ

22 – БОРЕЦ