Вардар Јуниор го среди Прилеп

Средбата од плеј-аутот во Супер машката лига помеѓу Прилеп и Вардар Јуниор им припадна на гостите од Скопје. Тимот предводен од Стојан Петрушевски славеше со убедливи 35:25 и го обезбеди опстанокот во најсилното друштво.

Имаа иницијатива гостите од самиот старт. По стартните 3:3, први се одвоија и десетина минути подоцна стигнаа до солидна предност од 9:4. Водството на Вардар Јуниор не продолжи да расте бидејќи Прилеп успеа да се одржува, а на полувреме домашните намалија на минус два, 17:15.

Вториот дел беше пресуден за победата на гостинот. Домаќините делуваа премногу лошо и му дозволија на противникот да замине на двоцифрена предност и со таква да ја добие средбата. Стефан Крстевски му даде осум гола на Прилеп, додека со седум придонесе Мартин Димов. Кај домаќините, Владимир Трајкоски погоди шест пати.