Вардар Јуниор во 1/16 финалето на Челинџ Купот

Mлади ракометарки на Вардар Јуниор, се пласираа во 1/16 финалето на Челинџ Купот, откако двапати го победија тимот на Лондон ејнџелс во СЦ „Јане Сандански“. По убедливата победа во петокот, во реваншот ракометарките на Вардар јуниор победија со 35-17 (22-6).

Слична на првиот натпревар, изостана незивесноста, а ракометарките на Симе Симовски веќе на крајот на првото полувреме имаа водство од 22-6.  Екипата од Лондон која со својот состав наликува на унгарски тим, немаше доволно сила, квалитет и искуство да направат сензација во својот прв европски настап.

Потенцијални противници на Вардар јуниор во историското 1/16 финалето на Купот Челинџ ќе биде една од екипите: Сокол Поруба (Чешка), Гран Канарија (Шпанија), Вирто (Холандија), Старт Елблаг (Полска), Војводина (Србија), Кастамону (Турција) и Карпати (Украина).