Вардар јуниор во последната минута го сврти мечот и го совлада Металург

Ракометарите на Вардар јуниор го добија дерби дуелот меѓу вторите тимови на Металург и Вардар со минимални 23:22 и на тој начин дојдоа до првите бодови сезонава во Супер машката лига.

Домашните беа посилни за Томовски и Танковски, а во тимот ги има и Даниловски, Шилегов, Палевски и Серафимов, играчи коишто настапуваат и за првата екипа на натпреварите во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. Средбата имаше интересен тек, а гостите со головите на Мишевски и Кукуловски успеаја да се изборат за победа во последната минута откако направија и пресврт.

Како што се очекуваше ова беше возбудлив натпревар кој изобилуваше со интересни моменти, но домашните можат да жалат за пропуштеното бидејќи гостите не искористија ниту еден седмерец, а имаа и далеку повеќе исклучувања на средбата.

Покрај тоа Металург 2 имаше и водство од 22:21 на почетокот на последната минута која не беше зачувана така што тимот останува на трите бода освоени на стартот од сезоната против тимот на Прилеп.

МЕТАЛУРГ 2 – ВАРДАР ЈУНИОР           22:23 (9:8)

Сала: Автокоманда во Скопје. Гледачи: 500. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

МЕТАЛУРГ 2: Томовски, Даниловски, Шилегов 2, Гошевски, Тодоров, Смилевски, Серафимов 4, Арсеновски 4, Лембанов 1, Мелоски, Младеновиќ, Кондев, Танкоски 7, Гајиќ, Кофиловски, Палевски 4

Седмерци: 3/7, Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР ЈУНИОР: Н. Кизиќ, М. Кизиќ, Петковски, Димов 3, Чакалиќ, Крстевски, Мишевски 9, Трајковски, Владимиров, Трпчевски 2, Николовски, Димитровски 2, Кукуловски 6, Стојменов 1, Атанасовски, Цветаноски

Седмерци: 0/5, Исклучувања: 18 мин.