Вардар ја прослави деветтата титула во македонското првенство! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со ревијалниот натпревар меѓу Вардар и Радовиш заврши последниот настап на новиот македонски шампион во националното првенство. Иако без резултатско значење за двете екипи, „црвено-црните“ ги совладаа Радовишани со 35-23 за крај на сезоната без ниту еден пораз во македонскиот плеј-оф.
На последниот настап во македонскиот шампионат за сезоната 2014/2015, Вардар во својот состав ја претстави иднината на клубот. Дури пет ракометари од младинската школа на новиот ракометен шампион се натпреваруваат со Радовиш во спортскиот центар „Јане Сандански“. Единствено почетниот период им припадна на гостите, тие имаа и водство од два разлика пред „црвено-црните“ со серија од четири погодоци во низа да ја врати предноста во своја корист по почетните 1-0. До крајот на полувремето продолжи доминацијата на Вардар, а по триесет одиграни минути заврши со предност од 18-11.
Второто полувреме се одигра во слично темпо, разликата постојано се зголемуваше, а шанса да играат добија сите ракометари на клупата на домаќините, за конечни 35-23. Најпрецизен во екипата на Вардар беше Филип Лазаров со шест постигнати погодоци, додека во редовите на Радовиш, Ордев беше најпрецизен на теренот со осум голови, а Блажевски постигна седум.

[Best_Wordpress_Gallery id=”119″ gal_title=”Vardar – Radovis, Proslava na titula na Vardar”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ