Вардар ја започна новата сезона (ФОТО)

Македонскиот првак го одработи првиот тренинг во рамките на подготовките за наредната сезона. Вардарци во комбиниран состав ја започнаа новата ракометна приказна во која треба да се вклопат Канелјас, Борозан и бразилецот Рожерио Фереира. На првата прозивка присуствуваше шпанскиот репрезентативец Јоан Канелјас, а добредојде му посакаа Душебаев, Македа, Стоилов, Штербик, Ангелов, Дибиров, Деревен, Шишкарев, Милиќ, Абутовиќ и четворица ракометари од Вардар Јуниор кои ќе конкурираат за едно од местата во првиот тим.

vardartrening-16

Тренерот Гонзалес ги започна подготовките на паркетот во „Јане Сандански“, а веднаш по воведниот збор ракометарите заминаа во фитнес центарот и започнаа со физичката подготовка за наредната сезона на фудбалскиот терен во рамките на спортскиот комплекс.

vardartrening-17

Неколку дена ракометарите ќе тренираат во Скопје, каде ќе ги извршат и потребните лекарски прегледи, а потоа екипата ќе замине на подготовки на Крањска Гора, Словенија. Престојот во словенечкиот тренинг-центар е планиран од 1 до 12 август, период во кој веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење. Натпреварите на 6 и 10 август ќе бидат првите тестови на екипата во пресрет на бурната сезона. Вардар во рамките на своите подготовки ќе одигра подготвителен турнир во белорускиот град Брест од 18 до 22 август,а притвници ќе му бидат Мешков, Висла Плоцк и француски Сесон Рен.

vardartrening-18