Вардар успешно ја заврши годината на гостувањето кај Нексе

Вардар од гостувањето во Нашице се враќа со победа со која се заокружува оваа 2014 година. Успешните настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата беа препорака за фаворитската улога на македонскиот состав на овој натпревар. За разлика од Загреб кој имаше сериозни проблеми да го скрши отпорот на екипата на Нексе, Вардар дозволи изедначена игра само во првите пет минути. Терзиќ и Марковиќ ја обезбедија првата разлика од два погодоци 2-4, а Горбок и Прибак ја зголемија на 3-6 во 10-та минута. Вардар ја одржуваше предноста од два погодока до крајот на првиот дел, кога Данил Шишкарев беше прецизен за 11-14 за крај на првите триесет минути.
На почетокот на вториот дел Прибак и Марковиќ ја овозможија првата предност од четири голови за Вардар, која ја одржуваа до 40-та минута. Марковиќ со два врзани гола го одведе Вардар на +6,17:23.
Последната иницијатива на Хрватите заврши со серија од 3-0, за 21-24 во 47-та минута, Вардар рутинирано го приведе натпреварот кон крај, го задржа водството од три разлика кое по последните 10 минути од натпреварот со игра гол за гол резултираше со конечни 27-30.
Најпрецизен во екипата на Варадр беше Добривое Марковиќ со 11 прецизни погодоци, додека Терзиќ постигна пет. Мирко Херцег беше најдобар поединец од екипата на Нексе со 6 постигнати голови. Вардар на овој натпревар настапи со голманскиот пар Милиќ-Чаневски, а Милиќ имаше 13 успешни интервенции.