“Вардар турнир” на крајот на август!

Македонскиот машки ракометен шампион Вардар во склоп на подготовките за наредната сезона ќе организира интернационален турнир на кој свое учество ќе земат Кристијанстад (Шведска), Целје (Словенија), Чеховски Медведи (Русија), репрезентацијата на Саудиска Арабија, и екипата на Металург.

Учесниците ќе бидат поделени во две групи во кои сите меѓусебно ќе одиграат еден против друг, по што првопласираните екипи од двете групи ќе играат финале, второпласираните ќе се борат за третото место, додека пак третопласираните ќе играат за петтото место на турнирот.

Турниорот е насловен “Вардар турнир” и ќе се одржи во големата сала на спортскиот центар “Јане Сандански” од 24 до 27 август.