Вардар тргна со проблеми, но може да се врати со 400.000 долари од Дамам

Доколку ракометарите на Вардар успеат своето патешествие до Дамам да го крунисаат со победа во финалето наградата за овој триумф би била само 400.000 долари што е далеку голема разлика во однос на она што фудбалските тимови го добиваат.

Познато е и колку ќе изнесуваат наградите за другите тимови кои ќе обезбедат место на тронот.

Финалистот ќе инкасира сума од 250.000 долари, додека на победникот во мечот за 3. позиција му следува награда од 150.000 долари.