Вардар СЦЈС во осминафиналето од Челинџ Купот

Македонскиот претставник во Челинџ Купот успешно ја стартуваше евро-сезоната, откако на два пати ја совлада екипата на Свиленград во рамките на третото коло од ова натпреварување. Вардар СЦЈС по победата на гостувањето во Свиленград со 17-24, го запечати пласманот во следната фаза со нова победа, овојпат на домашен терен во спортскиот центар „Јане Сандански“. Составот на Симе Симовски се пласираше во осминафиналето каде ќе се обиде да го подобри минатогодишниот пласман.

varscjssvil-3

Растоварени од притисокот македонксите ракометарки со предност од седум погодоци го започнаа вториот дуел. Керамичиева го отвори резултатот, но возврати Миланова и резултатот по првите три минути беше изедначен. По стартното водство за гостинската екипа од 1-2, вардарки ја превземаа контролата врз резултатот и играта и затоа по 15 минути имаа предност од три погодоци (8-5). Вардар постојано ја одржуваше разликата од три голови, а во 21 минута Тодоровска ги постави и првите четири погодоци разлика (11-7). Разликата од четири погодоци се одржуваше до крајот на првите триесет минути кои завршија со конечни 14-11.

varscjssvil-5

Почетокот на вториот дел го најави новиот триумф на „црвено-црните“. По воведните пет минути, серијата грешки на бугарските ракометарки овозможи Вардар да создаде убедлива предност која во 43та минута изнесуваше високи 23-14. Откако веќе беа јасни улогите на теренот, бугарските ракометарки се обидоа да го ублажат вториот пораз, но успеаа да намалат само на шест погодоци разлика. Во финишот на натпреварот Симовски шанса им даде на сите ракометарки, но тоа не влијаеше на убедливата победа која на крајот изнесуваше високи 29-22.

varscjssvil-2

Најпрецизна во составот на Вардар СЦЈС беше Керамичеива со 7 голови, додека Митова, Тодоровска и Стојановска ја следеа со три. Кај гостинските ракометарки најефикасна беше Миладова со 6 погодоци, додека Агова постигна 4 за својот тим.