Вардар со тешка победа против Кристијанштад

Во натпревар од 12.коло на ЕХФ Велукс Лигата на шампионите ракометарите на Вардар го забележаа седмиот триумф. Во СЦ “Jане Сандански” совладан е шведскиот шампион Кристијанштад со 38-36 (21-19). Со овие два бода црвено-црните остануваат во борба за што повисок пласман во групата Б и полесен противник во осминафиналето.ВАРДАР-КРИСТИЈАНШТАД (21-19)

Уште на самиот старт со головите на Циндриќ и Тоскиќ вардарци поведоа со 2-0. Во продолжението се разигра Хорхе Македа, а по четирите негови реализации и голот од контра напад на Дибиров, македонскиот шампион стигна до позитива од +5, 11-6 по десет минути игра. Оваа предност Вардар ја одржуваше до 20.минута, за во последните десетина минути да му дозволи на противникот да се врати во игра и со вториот погодок на Далин на полувреме да замине со негатива од само два гола 21-19.

12735522_10153816795934845_657849042_n

Циндриќ и Горбок со два погодоци го отворија вториот дел враќајки го Вардар на комотни +5, 24-19. Сепак упорните швеѓани не се предаваа и преку Бјорнсен успеаа да намалат на 27-26 во 40.минута.Мечот се одвиваше потешко од очекувањата, па така вардарци во последните дваесетина минути требаше да се изборат за планираните два бода.Циндриќ и Горбок расположени за игра кај Вардар, меѓутоа хрватот со неколку технички грешки му овозможи на Кристијанштад повторно да се врати во игра намалувајки на 32-30, резултат со кој се влезе во последните десетина минути.Кристијанштад продолжи да ја топи вардаровата предност и веќе во наредниот напад Бјорнсен со својот седми гол намали на само гол негатива 32-31, што беше аларм за Гонзалес да повика тајм аут.Во продолжението швеѓаните успеаа да стигнат до израмнување 32-32, но тоа како да ги налути вардарци па за само две минути успеаа да направат серија од 3-0 и со головите на Манасков, Душебаев и Стоилов поведоа со 35-32. Сепак во последните пет минути вардарци имаа катастрофална реализација дозволувајки му на гостинот повторно враќање во натпреварот. Џамали погоди од девет метри намалувајки на 36-35, а Лука Циндриќ возврати на спротивната страна за 37-35. Сепак вардарци да треперат до последните минути за победата се погрижи Лагергрен кој погоди за 37-36 на четириесетина секунди. Сепак дилемите за победникот на овој натпревар ги реши Шишкарев кој погоди за конечни 38-36 и важни два бода на Вардар.

Лука Циндриќ со 8 и Сергеј Горбок со 7 погодоц беа најпрецизни во составот на македонскиот шампион. Кај Кристијанштад најмногу се истакна Бјорнсен кој постигна 7 погодоци.

Својот следен натпревар вардарци го имаат на 28 февруари на гости против Пик Сегед.