Вардар со Терзиќ и Ангелов, Плоцк со Вишњевски: Познати составите на двете екипи за возвратниот натпревар

Пристигна денот „Д“ за екипата на Вардар. Победата повеќе не е императив туку обврска за Вардарци да и покажат на ракометна Европа дека одиграното пред седум дена е само лош ден. Денес „црвено-црните“ треба да се надминат, да одиграат беспрекорно за да можат да ја анулираат високата предност која Висла ја донесе во Скопје. Натпреварот во Плоцк заврши со резултат 32-26 во корист на домаќините, затоа на Вардар му се потребни седум погодоци разлика за потврда на пласманот меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
Раул Гонзалес за разлика од првиот натпревар нема да може да смета на услугите на Добривоје Марковиќ и Страхиња Милиќ на чие место ќе го видиме Петар Ангелов. Екипата на Висла Плоцк ќе биде комплетна со враќањето на искусното лево крило Адам Вишњевски во тимот.

ПРИЈАВЕНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ВЕЧЕРАШНИОТ ДУЕЛ

РК Вардар Скопје: Штербик, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Чипурин, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Лазаров, Прибак, Растворцев, Шишкарев, Стоилов, Терзиќ, Тоскиќ.

Висла Плоцк: Коралес, Вихари, Моравски, Дашек, Јонеа, Јуркиевич, Квјатовски, Монторо, Никчевиќ, Пјеховски, Ракотеа, Сипржак, Тјуменцев, Вишњевски, Зеленовиќ.