Вардар со рутинска победа над Струмица

Македонскиот дуел во рамките на Сеха лигата помеѓу Вардар и Струмица му припадна на македонскиот шампион со резултат 42-27 (20-15). Струмица имаше сила да парира само во почетниот дел од натпреварот кога со погодокот на Милосављевиќ намали на 5-4. Вардарци одговорија со серија од 3-0, а со одлична игра на овој натпревар се истакна Дејан Манасков кој имаше неверојатно гол шоу. Со погодокот на Циндриќ, Вардар поведе со 10-5, а на пет минути до крајот на првиот дел црвено-црните стигнаа до највисоки 18-9. Сепак до крајот на полувремето со неколкуте погодоци по ред Куленовиќ намали на 20-15, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел вардарци продолжија да го полнат голот на Струмица, а својата највисока предност ја достигнаа во 53.минута преку Стоилов за 38-23. Последниот погодок на натпреварот беше дело на Алекс Душебаев за конечни 42-27.

Дејан Манасков одигра неверојатен натпревар за Вардар постигнувајки 17 погодоци. Го следеа Душебаев и Циндриќ со 6 постигнати гола. Во екипата на Струмица, Соколов и Куленовиќ беа најпрецизни постигнувајки по 8 погодоци.