Вардар со победа го потврди финалето на Струга 2014

Во првиот натпревар од денешната програма, Вардар и Металопластика одиграа мирољубив, пријателски натпревар кој заврши со резултат 29-26 за „црвено-црните“.
Уште од почетните моменти, Металопластика навести дека нема лесно да ја продаде својата кожа. Резултатски, првото полувреме беше целосно изедначено, Душебаев со три погодоци едноподруго го оддели Вардар на сигурни два разлика кои во 15-тата минута Бојан Палевиќ ги анулираше за повторно изедначување на 7-7. Изедначено беше до 27-та минута кога Вардар повторно се избори за два гола предност, која ја задржа до крајот на првото полувреме. По истекот на првите 30 минути Лазаров имаше шанса да зголеми на три голови предност од линијата за седум метри која не успеа да ја реализра. Вардар натпреварот го започна со Петар Ангелов на голот кој бранеше во текот на целиот натпревар, а поштеда доби Апрад Штербик кој го следеше натпреварот од трибините.
Во вториот дел екипата на Металопластика ги покажа своите слабости, младиот и неискусен тим започна да греши во нападот, а само инзворедниот голман на Металопластика, Арсиќ кој имаше 20 одлични интервенции ги задржа шансите за победа на Металопластика до самиот крај. Рутинирано точка на овој натпревар стави Дибиров со одличен лоб удар од линијата на седум метри.
Вардар во финалето ќе се сретне со победникот од натпреварот меѓу Металург и Азоти Пулави.