Вардар со плус три на одмор против Келце

Полна сала, голем мотив и желба за победа, три клучни фактори кои на Вардар му донесоа предност од три гола, 14:11 после првото полувреме. „Црвено-црните“ играа фуриозно уште од првиот напад и тоа ги красеше во текот на целото полувреме, па можат мирно на пауза и во вториот дел од средбата.

Вардар почна силно од првиот напад и знаеше што сака. Келце иако успеа да даде отпор на почеток и да има водство од 2:1 тоа практично беше сè во првиот дел бидејќи откако Вардар поведе со 6:3 беше лесно да се продолжи во уште посилен ритам, па на моменти разликата отиде и до пет гола.

Разликата од четири гола беше најстандардна во првите 30 минути, а притоа Скубе и Кристопанс беа ракометарите кои најчесто успеваа да погодат во голот на противникот. Го завршија првото полувреме со по три гола, додека во Келце по два имаа Алекс Душебаев и Агинагалде.