Вардар со негатива од два гола на одмор против Рајн Некар

Ракометарите на Вардар имаат негатива од два гола и резултат од 13:15 на паузата против Рајн Некар. Гостите од Германија успеаја да одиграат нешто подобро во нападот и да ги искористат можностите за погодоци, па една мала нијанса ги однесе на полувреме со предност.

Од стартот на средбата тимот на Рајн Некар беше во предност од гол. Вардарци успеваа да израмнуваат, но никако не можеа да дојдат до неколку гола во серија и до предност.

Ова гостите го користеа и успеваа во нападот да доаѓаат до брзи погодоци кои ги оставаа во предност. Одбраната на Вардар во првите 30 минути не беше на нивото од претходните средби, а Дејан Милосављев имаше четири одбрани. 

Во финишот од првиот дел Рајн Некар имаше предност од три погодоци и успешно ја одржуваше. Сепак, на одмор се замина со два гола разлика откако Дибиров реализираше седмерец за 13:15.

Овој резултат најавува интересно второ полувреме во кое Вардар ќе мора да оди уште посилно за да дојде до нова победа. Во овие 30 минути најефикасен беше Дибиров со три гола, додека Чупиќ имаше два. По еден гол реализираа Кристопанс, Карачиќ, Скубе, Калараш и Борозан.

Голманот на Рајн Некар, Микаел Апелгрен беше на подобри ниво. Тој запре седум удари на вардарци. Најефикасни со по пет гола после првите 30 минути се Петерсон и Колбахер.