Вардар со кадети и против Металург, претрпе уште еден пораз

Во мечот од последното коло од плеј-офот во Супер машката лига, тимот на Металург дојде до победа од 32:29 против Вардар со што шампионот ја заврши сезоната со уште еден пораз.

И ова беше меч на кој „црвено-црните“ настапија со кадетскиот состав на кој беа приклучени трите голмани од првиот тим и Марко Мишевски. После одличното прво полувреме во кое вардарци му парираа на поискусниот противник и се одржуваа на гол негатива во вториот дел од средбата беше поинаку.

Во првите 30 минути се играше со постојана предност на Металург, која на моменти изнесуваше и четири гола. Највисоки беа 12:8, но потоа во завршницата на првиот дел Вардар се врати и на одмор резултатот беше 16:15.

Затоа, пак, вторите 30 минути имаа поинаков тек. Домашните влегоа силно во второто полувреме и за петнаесетина минути имаа девет гола позитива и водеа со 29:20.

Затоа, пак, во завршните десет минути разликата беше намалена и во финишот од средбата шампионот стигна до негатива од три гола. На крајот беше 32:29 за Металург, па ова беше едно од ретките првенства во последните неколку години во кои Вардар ја освојува титулата со два порази.

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР   32:29 (16:15)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 300. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Томовски, Даниловски, Јагуриновски 2, Лазаевски, Димитриоски 5, Токиќ 6, Шилегов 7, Танкоски, Андревски, Стојковиќ 1, Серафимов, Младеновскиќ 1, Маџовски, Матијашиќ 7, Арсеновски 2.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 2 мин.

ВАРДАР: Кизиќ, Милосављев, Гедбан, Марио Мишевски 4, Чакалиќ 2, Павлоски 1, Димитријевски 3, Србиновски 2, Грујовски 4, Ставревски 5, Димчевски 2, Калајџиески 2, Марко Мишевски 4.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.