Вардар рутински со Бутел

Ракометарите на Вардар се многу блиску до освојување на шампионската титула, откако славеа на домашниот натпревар против Бутел Скопје со 28-20.

Како и на претходниот натпревар, исто и сега, Вардар одигра колку што беше потребно. По првиот дел тимот на Парондо водеше со 15-10, а поголем дел од ова полувреме одигра и повратникот во ростерот, Кристијан Дисингер.

Во вториот дел поставите се измешаа поставите на теренот, но вардарци рутински само ја зголемуваа предноста до конечните 28-20.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кисељов со десет и Дисингер со пет голови, додека кај гостите се истакна Давидовиќ со пет. Следен натпревар за Вардар е во вторник против Еурофарм Работник, додека Бутел ќе игра против Металург на домашен терен.