Вардар против традиција за историја

Македонскиот шампион од 16:00 ќе го одигра првиот четвртфинален натппревар оваа сезона. Противникот на Вардарци е добро познат, но и најсериозниот фаворит за освојување на елитниот трофеј. „Црвено-црните“ по трет пат ќе се обидат да дојдат до најдобрите четири екипи во Европа, а Веспрем ќе се бори за продолжување на традицијата меѓу елитата.

Откако Самсоненко го превзема Вардар, македонскиот првак во првиот пријателски дуел забележа победа, но потоа на официјалните натпреварувања не можеше да најде решение за играта на унгарскиот гигант. Во СЕХА лигата минатата сезона забележа еден пораз и една победа, а во Лигата на шампионите загуби на двапати. Затоа оваа сезона во СЕХА лигата одиграа три неизвесни натпревари, два завршија нерешено, а последниот оној финалниот во регионалното натпреварување го доби Веспрем со минимални 28-26.

Вардарци ќе настапат без Лазаров и Деревен на овој дуел, додека Веспрем ќе биде комплетен со враќањето на српскиот бомбардер Момир Илиќ во составот на унгарскиот шампион.

СОСТАВИ:

Вардар: Штербик, Ангелов, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ

Веспрем: Алиловиќ, Гулаш, Илиќ, Иванчик, Лекај, Маргуч, Миклер, Наги, Нилсон, Палмарсон, Родригес Вакеро, Шух, Слишковиќ, Сулиќ, Терзиќ, Угалде.