Вардар против Кил, Барселона, Веспрем или Киелце!

Жрепката која ќе ја одреди четвртфиналната судбина на екипата на Вардар е закажана за 24 март (вторник) во 12:00. Традиционално извлекувањето ќе се одржи во Виена, но овој пат од студиото на телевизиската мрежа „Скај“. Познати се сите учесници во четвртфиналето, а место меѓу осумте најдобри има и за една македонска екипа.
За разлика од минатата година овој пат единствено Унгарија ќе има два претставника во завршницата. ППД Загреб е најслаборангирана екипа која обезбеди пласман меѓу осумте најдобри, додека полскиот состав Киелце досега е единствената непоразена екипа.

Процедура на извлекување на двојките

Осум екипи ќе бидат поделени во два барабани, во првиот се носителите (најдобро рангираните), а во вториот се останатите екипи, четвртфиналните дуели ќе се добијат со извлекување на екипа од вториот барабан на која ќе и се приклучи некоја екипа од првиот барабан. Најпрво ќе се одбираат екипи од вториот барабан кои веднаш ќе добијат противник од првиот барабан, постапката ќе се повтори четири пати за сите екипи од вториот барабан да добијат соодветен противник. Веќе нема да постои правилото кое штити две екипи од иста земја да може да се сретнат во четвртфиналето, истотака екипи од иста група повторно може да се сретнат во последниот елиминациски круг.
Првите четвртфинални натпревари се закажани за 8-12 април, возвратните дуели на програмата ќе бидат од 15 до 19 април. Четири победници од овие дуели ќе учествуваат на Фајнл Фор турнирот во Келн.


ИЗГЛЕД НА БАРАБАНИТЕ ЗА ЖДРЕПКАТА НА ЧЕТВРТФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ:


Барабан 1 (Победници од дуелите 4 vs 1)
Кил /THW Kiel (ГЕР)
Барселона /FC Barcelona Intersport (ШПА)
Веспрем /MKB-MVM Veszprem (УНГ)
Киелце /Vive Tauron Kielce (ПОЛ)

Барабан 2 (Победници од дуелите 3 vs 2)
ПСЖ /PSG Handball (ФРА)
Загреб /HC PPD Zagreb (ХРВ)
Пик Сегед /MOL-Pick Szeged (УНГ)
Вардар /HC Vardar (МКД)