Вардар против Киелце на 11-ти април во “Јане Сандански”

Својот прв натпревар од четвртфиналниот двомеч против Киелце, вардарци ќе го одиграат на 11.4.2015 (сабота) во арената Јане Сандански. По убедливата победа над Висла Плок на домашен терен, “црвено-црните” се надеваат на уште една добра партија овојпат над полскиот шампион со што би ги зголемиле своите шанси за пласман на “фајнл-фор” турнирот во Келн. Натпреварот против Киелце започнува од 19 часот, а Алфа ТВ ќе врши директен пренос од истиот.