Вардар продолжува без Алисон Пино

Алисон Пино повеќе не е ракометарка на екипата на Вардар. Како што информираат од клубот, двете страни се договорија за предвремено раскинување на договорот кој имаше важност до 2016 година.

Пино игра на позицијата лев бек, а сезонава не одигра ниту еден натпревар во Лигата на шампионите бидејќи пред почетокот на сезоната замина операција на коленото. Своевремено Пино беше прогласена за најдобра ракометарка на светот во официјалниот избор на ИХФ.