Вардар преку Пролет се изедначи на врвот на табелата во македонскиот плеј-оф!

Последниот натпревар од третото коло во македонскиот ракометен плеј-оф, ја одбележа третата победа за Вардар оваа сезона. Во минатото Тинекс Пролет секогаш важел за незгоден противник кога во прашање се “црвено-црните”. Овојпат Вардарци одиграа само полесен тренинг натпревар, а мечот заврши со конечен резултат 40-25.

Вардар 40-25 Тинекс Пролет (20-9)

FLP_5273
Стојанче Стоилов ја одржуваше предноста на “црвено-црните” во почетните минути од натпреварот. Со четирите голови на македонскиот репрезентативен пивот, и еден на Алекс Душебаев, Вардар имаше предност од 5-2 по првите шест минути. Марковиќ со првите два гола на овој натпревар во финишот на првиот дел ги постави највисоките единаесет голови предност за крај на првото полувреме, 20-9.
FLP_5356
Прибак и Растворцев беа стрелци на првите погодоци во вториот дел за зголемување на разликата пред паузата.
Со нова серија од пет голови, по седум минути игра во второто полувреме, Вардар поведе со највисоките седумнаесет голови, 29-12. До крај на шеесете минути, ракометарите на Пролет намалија два погодока од високото водство на домаќините за конечни 40-25.
FLP_5244
Најпрецизни во гостинскиот тим беа Димитријески со 6 и Андоновски со 5 постигнати погодоци. Кај Вардар, Стоилов беше прецизен седум пати, додека Филип Лазаров погоди шест пати.
Vardar-Tinex Prolet (44)
Вардар сега има девет бодови исто колку и актуелниот македонски шампион Металург, пред дерби дуелот во сабота во спортскиот центар “Јане Сандански”.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ