Вардар попладнево во полн состав: Стоилов ќе игра против Рајн Некар

Екипата на Вардар денеска го пречекува тимот на Рајн Некар во 4. коло од Лигата на шампионите, а овој натпревар е „меч на колото“ на ЕХФ. Средбата почнува од 17:30 часот, а тренерите веќе се одлучија за составите и на терен ќе ги имат сите ракометари кои се на списокот.

Роберто Гарсија Парондо денеска смета и на Стојанче Стоилов, а капитенот првпат сезонава ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите. Во составот на Вардар е и новиот голман Гедбан, а другите 14 играчи се: Милосављев, Борозан, Чупиќ, Дибиров, Мораеш, Калараш, Карачиќ, Кисељев, Кристопанс, Мишевски, Поповски, Шишкарев, Скубе и Војводиќ.

Од ракометарите кои досега играа во ЛШ ги нема Кизиќ и Недановски.

За Рајн Некар на списокот на ракометари кои ќе бидат на теренот е и Илија Абутовиќ. Тој вчера потврди дека нема да игра, но тренираше одвоено од колегите. За Рајн Некар денеска ќе игра и Филип Талески, додека другите 14 на Николај Јакобсен се: Апелгрен, Фет, Грецки, Гвардиола, Колбахер, Липовина, Мадсен Ларсен, Нилсен, Паличка, Петерсон, Радивојевиќ, Шмид, Сигурдсон и Толбринг.

Средбата ќе ја судат Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ од Србија, додека делегат е Хелмут Виле од Австрија.