Вардар подготвен за натпреварите со Загреб и Војводина!

Вардар ја одржа редовната прес конференција пред натпреварот со Војводина кој на програмата е во понеделник, иако во сабота вардарци гостуваат во Осјек.
По натпреварот со Брест,”црвено-црните” во наредните четири дена ќе одиграат уште два натпревари во рамките на СЕХА лигата, а противници ќе им бидат Загреб и Војводина, добра проверка на формата пред клучните дуели во Лигата на шампионите.

Раул Гонзалес,тренер на екипата:

Тежок натпревар за нас бидејќи немаме време за тренинг и подготовка. Денес, ќе се собереме и ќе тренираме сите заедно ќе ја видиме состојбата на Карачиќ. На второто место сме во СЕХА лигата и на добар пат сме за Фајнл Фор турнирот иако сеуште не сме пласирани. Денес ќе тренираме со него ќе видиме во каква состојба е Карачиќ, потребен ни е во тимот за натпреварите од Лигата на шампиони бидејќи екипи како Монпелје и ПСЖ се во самиот врв.

Немања Прибак, ракометар на Вардар:

Пред натпреварот со Брест првпат по празниците се собравме како екипа, затоа не сме во некоја идеална физичка состојба, игравме во Катар, за репрезентации од различни земји, затоа ќе ни биде потешко за воигрување како екипата. Со Загреб очекувам неизвесен натпревар и се надевам на крај ние ќе се радуваме, потоа следува Војводина се надевам дека ќе влеземе со ладни глави и ќе победиме и на тој последен натпревар пред дуелот со Монпелје од Лигата на шампиони.

Натпревар со Загреб се игра во сабота од 20:15, додека натпреварот со Војводина е на програмата во понеделник од 18:30.